-Кога станува збор за коледарските огнови, а е поврзано со Битола, не може, а да не се спомене тоа што пред десетина години, а можеби и толку траеше, палењето на коледарскиот оган на плоштад, започна со своите сеќавања Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
Коледарскиот оган беше запален и во 2010 година на плоштадот “Гоце Делчев“. Палењето беше извршено со огнена топка која “дојде“ од покривот на Центарот за култура, а се служеше и гравче со колбас и вино.
-Иницијативата беше според мене добра, но немаше поддршка од црквата како што ја нема и денес оваа традиција, а ја имаше само со поддршката од тогашниот градоначалникот Владимир Талески. Потоа дојде и се актуелизира загадувањето на воздухот, а тука се традиционалните маалски огнови кои се битолска традиција, па така нема повеќе централен оган на плоштад, вели Димче Миновски, за неговите сеќавања пред 10 години во врска со коледарскиот оган на плоштад.

Деновиве пред 10 година: коледарски оган на плоштадот “Гоце Делчев“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





