Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: го стартувал “југото“ дотурал бензин и го опожарил, нападната битолчанка

На 04.01.2020 во 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во гаража на ул.„Судска“ во Битола, сопственост на Р.Н. (80) од Битола, настанал пожар. Според пријавеното, додека Р.Н. се обидувал да го стартува патничкото возило “југо“, со туба дотурал бензин во возилото, при што бензинот се запалил. Од екипа од Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат. Повредени нема, а увид извршила увидна екипа од СВР Битола.

На 05.01.2020 во 04.50 часот во СВР Битола било пријавено дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Битола 20 годишна битолчанка била физички нападната. Се работи на расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »