Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: кај двајца битолчани пронајдена марихуана, при апсењето пружале отпор

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода двајца битолчани на возраст од 37 и 36 година поради тоа што на ул. “Климент Охридски“ во Битола, при преглед над нив и на  патничкото возило “хјундаи“, со кое се превезувале, била пронајдена марихуана и прашкаста материја.

Притоа, тие се однесувале агресивно, попречувајќи ги полициските службеници при вршење на службени дејства.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »