Press "Enter" to skip to content

Православна сила, 1.500 деца во Бадниковата поворка по Широк Сокак (фотогалерија)

-Овие 1.500 деца во Бадниковата поворка, и нивните родители кои ја наполнија црквата “Св. Димитрија“  се вистинска православна сила, а догодина да бидат 15.000, да не ги бери ниту дворот на црквата, порача Владиката Петар.

-И сам не очекував толку народ, Бадниковата поворка ја поздравија сите, ми е мило што битолчани беа со нас и од кафилината излегуваа да не поздрават и да се приклучат кон нас, рече Кире Божиновски, дел од организацијата.По повод Христовото раѓање денеска на пладне во Битола, по Широк Сокак, се одржа Бадниковата поворка на која учество зедоа повеќе 1.500 деца, а во поворката беа и нивните родители, комшии, пријатели, а бројот на битолчани вклучени во поворката беше и над 2.000.Бадниковата поворка тргна од Офицерски, по Широк Сокак, до Саатот, за да заврши во црквата “Св. Димитрија“, каде сите дечиња ги пречека Владиката Петар, кој одржа и беседа за големиот празник, Божик.За време на движењето на Бадниковата поворка децата цело време на цел глас ја пееја песната “Вечниот бог“, а таа беше запеана и во црквата.По пристигнувањето на децата во црквата, песната “Вечниот бог“, ја испеа и Теодора, која ја следеа сите во еден глас, а по овој повод снимен е и спот.-Ова е голема радост за мене, да видам толку многи дечиња заедно со родителите во црквата по повод овој голем празник, и затоа им благодарам на сите дечиња кои се тука. Кога дојдов како Владика во Битола, видов дека тука во Битола, млади деца шетаат со пештера и го навестуват Христовото раѓање, а тоа поседни ми се допадна. Сега кога гледам дека 1.500 деца се вклучени во оваа Бадникова поворка и го слават Христовото раѓање, посакувам в година не 1.500, туку 15.000 деца да бидат тука, а да не ги бери ни црквата, ни галериите, ни балконите, ниту дворот, рече Владиката Петар.Кире Божиновски за оваа Бадникова поворка рече:-Некој спомена дека 14 години децата по повод овој голем празник се во црквата “Св. Димитрија“, а поворката ја организираме неколку години. Вакви Бадникови поворки денеска беа организирани во многу градови во Македонија, а иницијативата започна во Битола пред повеќе години со благослов на Архимандритот Партениј од Бигорскиот манастир. Реков и пред децата дека ова е празник за сите нас, да бидеме заедно, да се радуваме на Христовото раѓање, а децата да ги насочиме кон вистинските вредности.Потоа владиката Петар им ги подели бадниковите пакетчиња на сите учесници на Бадниковата поворка, кој ги обезбеди компанијата “Кромберг и Шуберт“, а на влезот во црквата добија и бадникови гранчиња.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »