Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и „Сумнал“ – здружението за развој на Ромската заедница започнуваа да реализираат краток бесплатен т курс од 7 часа за ИТ вештини од областа на фотошоп, илустратор и видео едитирање.
Часовите ќе се одржуваат еднаш неделно и ќе траат до средината на февруари 2020 година.
Овој курс ќе го држи волонтерот Андреи од Романија кој е дел од ЕВС проектот „Кажи да за промена“ финансиран од Еразмус + програмата.
Сите заинтересирани ќе треба да носат свој лап-топ (може и двајца на еден).
За подетални информации и пријавување на е-маил viktorijamihajlovska@hotmail.
Следниот час ќе се одржи на ден 16.01.2020 година, со почеток во 17 часот во Читалните, во просториите на Библиотеката.
Можност да се пријават уште 5 лица.






