Press "Enter" to skip to content

Бабарите во некрстените денови ги бркаат ѓаолите, вештерките и караконџолите (фото)

Традиционално на ден 14 јанури, кога православните верници го слават Свети Василие, или кај народот познат како верски празник Василица, низ битолските улици можат да се видат Бабарите.Бабарите во денешно време се роми кои од Баирот се спуштаат во Битола преправени во разни чудовишта, кои со многу врева, кои ја прават со зурли, тапани и клопорарци, ги бркаат лошите демони. Бабарската поворка ја предводат маскирани маж и жена, а жената секогаш е маскиран маж.Во народните преданија се вели дека во овие некрстени денови од денот на Христовото раѓање па се до Водици, кога е крстен Христос, се денови кога царуваат лошите демони, вампири, ѓаоли, вештерки, караконџоли…Бабарите влегуваат во секој дом, дуќан, угостителски објекти каде пеат, играат и го бркаат лошите демони, а домаќините ги наградуваат, порано со храна и пијалоци, а сега со пари, како велат за здравје на домашните и за да се избркаат лошите демони.

More from ВестиMore posts in Вести »