Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: татко нападнал малолетен син, а потоа и мајкаси и редовни сообраќајни контроли

На 14 јануари 70 годишна битолчанка воСВР Битола пријавила дека во околу 16.15 часот во куќата на нејзиниот син на ул. “Љубојно“ во Битола влегол другиот нејзин син, при што најпрво вербално ги навредувал присутните, а потоа физички го нападнал неговиот малолетен син. При обид да го спречи во намерата, тој ја турнал и неговата мајка, која паднала и се здобила со повреда.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 14 јануари 2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека двајца возачи биле под дејство на алкохол, при што истите се отстранети од сообраќај. Брзината ја надминале двајца возачи. Еден возач разговарал на мобилен телефон додека управувал возило, а еден не користел сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

More from ВестиMore posts in Вести »