Press "Enter" to skip to content

Малата битолчанка Софиа Поп Андонова вистинска модна икона на инстаграм (фото)

Сите нејзини фотографии имаат некоја приказна на кои таа блеска. Со ова може да се кажа дека нашата Софиа е најмалиот инстаграм, инфлуенсер и блогер од Битола.За прекрасните фотографии секако најзаслужна нејзината мајка Ана Масларова која е вистински моден уметнички фотограф. Нејзините фотографии се многу популарни и лајкувани на инстаграм. Ана Масларова е наставник по германски јазик, но како што ни кажа е вљубеник во модата и модната фотографија. Но, секако највљубена во својата тригодишна ќерка која од најмала возраст бебе ја дотерувала и  фотографирала.Со нејзиното остро око и перфекционизам таа фотографиите ги прави перфектни со тоа и инстаграм ја доби својата модна икона. Таа ја претставува облеката на “Токи“ моден бренд за детска облека и веќе доби две понуди да рекламира детска облека.Ана Масларова на  почетокот на разговорот низ насмевка и израз кои го имаат само мајките кога зборуваат за своите деца, започна…-Kако и секоја мајка уживав да ја фотографирам својата керќа уште од бебе. На фотографиите таа блескаше и  беше преслатка. Како современа мајка најдобрите фотографии започнав да ги ставам на мојот инстаграм профил кој не беше направен воопшто со таква намера.Меѓутоа хоби и задоволство понатаму започна да преминува во блог со модни приказни и комбинации на облека кои ги претствува мојата Софиа. Се разбира како за секоја мајка таа за мене е најубаво дете, се смее Ана и продолжува:-Понатаму “сесиите“ на фотографирање станаа еден вид забава и игра за неа и таа уживаше во позирањето.  Секако и јас заедно со неа кога во еден дел од денот одвојуваме време да направиме и по неколку, но и повеќе интересни фотографии. Понекогаш некои фотографии се случуваат спонтано  кога одиме на некоја прошетка во парк, шеталиште… Многу често ги доловувам моментите кога ќе биде тренди облечена во интересни модни парчиња кои уживам да и ги купувам.За зависноста од модата и фотографиите Ана Масларова вели:

-Морам да кажам дека порано пред да ја имам Софиа бев модна зависничка која пази на секое парче облека и детал. Сега тоа го правам за мојата ќерка.  Искрена да бидам многу повеќе уживам кога купувам и ја дотерувам неа отколку за себе. Покрај облекта со  фотографиите сакам да доловуват некоја интересна приказна. Јас припаѓам на оние современи мајки сакаме да  постираме фотографии.Малата Софија веќе се фотографира како модел заедно со други девојчиња, за што Ана вели:-Тука морам да кажам дека тетката на Софиа како моден дизајнер на брендот “Токи“ со која  заедно експериментираат со облеката, а тоа сигурно влијаеше на целата приказна со модните фотографии и блогот на инстаграм. Ова можеби ќе влијае на Софиа и љубовта кон модата. Таа многу сака да учествува во фотосесиите на “Токи“ каде запознава и други девојчиња со кои се дружи. Така секогаш настануваат и смешни фотографии кога таа сака да позира како некој друг модел.Како што вели Ана ова за неа е забава и игра и ќе го прават се додека таа сака и ужива во сето ова. Понатаму како што ќе расте и развива таа можеби ќе пронајде други интереси.

Жанета Ристевска

More from ЗабаваMore posts in Забава »