Press "Enter" to skip to content

Фото вест: сообраќајка на “Иван Минутиновиќ“ сообраќајот го регулира полицијата

Вечерва нешто по 20 часот се случи сообраќајна незгода на улицата “Иван Милутиновиќ“, кај “Бела Чешма“ во која се судрија две патнички возила со битолски регистарски таблички, за среќа само со материјална штета.

Очевидците ни рекоа дека едното возило, преминало во насоката на движење на другото, при намалена видливост и лизгав коловоз.

На увид беше и сообраќајната полиција, која поради намалена видливост и лизгавиот коловоз со две возила со вклучени ротациони светла го регулираше сообраќајот до отстранување на возилата.

Денес се случија повеќе сообраќајни незгоди поради намалена водливост и лизгав коловоз, а на некои места утрово беше и замрзнат.

More from ВестиMore posts in Вести »