Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер денес старуваат со лигашките натпревари, гостуваат кај ФМП

Кошаркарите на Пелистер денес го отвораат пролетниот дел од Правата лига и ќе се обидат да стигнат до целта, да бидат меѓу најдобрите шест екипи во лигата, односно да играат во разигрувањето во плеј-офот со останатите пет екипи. Дали е тоа реално или не тренерот на Пелистер, Љупчо Малинков вели:-Самиот поглед на табелата кажува дека седум екипи се борат за шест места. Мене како тренер е најважно Пелистер да игра подобро од што тоа го правеше во оној прв дел од првенството, а пласманот во плеј-офот да биде само завршница на тоа што ќе го сработиме и одиграме оваа  пролет. Тоа се и моите планови, мислам дека имаме квалитет да го реализираме тоа, а кога би прогнозирал би типувал дека ќе бидеме во најдобрите шест

За остварување на плановите кошаркарите на Пелистер, првиот тест ќе го имаа вечерва, гостуваат на теренот на ФМП Академија во 18:00 часот, од каде очекуваат да се вратат со победа и нови бодови.

More from СпортMore posts in Спорт »