Press "Enter" to skip to content

Ниже поле саботно тренди место за битолчани (мега фотогалерија)

Битолчани Широк Сокак го заменија со Ниже Поле, кафето со топол чај, а загадениот воздух со чист планински.

Денешното магливо утро со ниски температури, мрачен пејсаж,  замрзнати дрвја ги натераа битолчани да ги наполнат батериите и да го поминат денот на отворено, во ски центарот “Ниже Поле“ на ЈП “Стрежево“.На мала оддалеченост од Битола но драстична разлика во температури, видливост, пејсаж, воздух. Сите оние кои овие магливи денови ги поминуваат на падините на Баба планина уживаа во сино ведро небо, сонце и чист воздух.Саботно и претпразнично Ниже поле беше замена за  зачадените кафе-тераси и кафулина на Широк Сокак, а тренди шема за кафе, чај… и дружење на чист воздух и  заради недоволно снег, мал беше бројот на оние кои се скијаа, бордаа и санкаа.Секако прекрасното време беше причина за добра атмосфера и расположение кај битолчани кои зависно од возраста секој на свој начин уживаше  во   планинските убавини.Довикување од сите страни и честитање на празници, скијање, санкање, и по некое паѓање. Секако неизбежно селфи и фотографирање.Голем дел од оние кои скијаа, бордаа и санкаа беа деца кои со своите родители ги користат последните денови од зимскиот распуст, рекреативно на чист воздух.   

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »