Press "Enter" to skip to content

Дел од Баирот без струја 24 часа, опожарен трансформатор на “ЕВН Македонија“

На 18.01.2020 околу 13.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на улица “Караорман“ настанал пожар во трафостаница на “ЕВН Македонија“, при што целосно била опожарена внатрешната инсталација, соопшти Министерството за внатрешни работи, на веб-страницата за дневните билтени.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Битола.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Битола.

Граѓаните кои живеат на овој дел од Битола се уште немаат електрична енергија.