Потопувањето на светите води на светиот крст е вековна традиција на македонскиот народ, а којзнае од кога Водици, односно Богојавление, се празнува и во Битола, па затоа овој пат поради тоа што Водици се празнува денес, ќе се потсетиме на тоа како беше и кој го “фати“ крстот во Битола пред 10 години во 201о година, започна со своите сеќавања Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
-Крстот во 2010 година го “фати“ нашиот сограѓанин Александар Најдовски – Сканта, познат спортист од Битола, боксер и кик-боксер, а крстот се “фрли“ во крстилницата во црквата “Св. Димитрија“ во Битола, веле Миновски.
Затоа што го извади крстот од осветените води, Најдовски од владиката Петар, доби благослов и подароци.
Инаку, традицијата во Битола е вековна, а со “фрлање“ на крстот се празнува во сите храмови во Битола и Битолско, а неколкупати крстот се “фрлал“ во реката Драгор, кај Пожарната и во олимпискиот базен на СОФКА, а потоа повторно се врати во дворот на црквата “Св. Димитрија“ во центарот на Битола, раскажува Миновски.
-Битолчани се големи верници и ја почитуваат вековната традиција и секогаш има голем број на битолчани кои “скокаат“ по крстот, а самиот чин на прославување присутвуваат голем број верници, кои дома носат осветена вода.

Деновиве пред 10 години: Александар Најдовски – Сканта, најсреќен за Водици (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





