Press "Enter" to skip to content

Жителите од Баирот пред општина бараат помош за проблемот со струјата

Веќе трет ден жителите од населбата Баир немаат струја, па затоа дел од нив утрово прво имаат средба на Баирот, а потоа дојдоа пред општина да ја информираат градоначалничката и надлежните за проблемот кој го имаат.

Баирчани, околу 200 куќи, немаат струја веќе трет ден, а како е да се живее на минусни температури, беа греење, топла вода, струја за осветлување велат:

-Тешко е да живее на -10 во ноќта без греење, без топла вода. Малите деца не ни се дома, ги испративме кај роднини, пријатели, а утре треба да одат на училиште, како да ги прибереме дома во ладни куќи, не можеме ни храна да им подготвиме. Се што имавме во фрижидерите се одмрзна, се расипа, дел веќе денес исфливме.

За како настанал проблемот велат:

-ЕВН постави нов транформатор посилен, поголем, но сега како се населуваат повеќе Роми на Баирот, тие приклучуваат голем број на грејни тела, а поради тоа изгоре трансформаторот, со што се прекина струјата.

За решевање на проблемот велат:

-Ние знаеме што е проблемот, бараме од ЕВН да се постават нов поголем тансформатор, или нека бидат два, нека одлучат тие. Нека преземе ЕВН нешто со дивите приклучоци на Ромите, нека го решат проблемот, но не вака ние да немаме струја три дена, а некој велат дека ќе чекаме барем уште три дена.

Пред општина Битола баирчани дојдоа да ги информираат за проблемот, за побараат помош за решавање на проблемот кој не е нов, а ако не се реши повторно ќе има проблеми. 

Тие ќе побараат и помош од правобранителот за да ја тужат ЕВН за да ги обештети за штетите кои се предизвикани со немањето на електрична енергија.

More from ВестиMore posts in Вести »