Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер комплетен во Битола, утре против Вардар, потоа во Врбас

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, по мини подготовките во Скопје подготвителниот период го продолжи во Битола, во салата “Павел Шатев“, а на располагање ги имаше сите ракометари на кои ќе смета оваа полусезона.

Во салата “Павел Шатев“ тренираа сите репрезентативци кои играа на Европското првенство во неколку репрезентации, Митревски, Радовиќ, Ѓукиќ, Остроушко…, а тренираше и опоравениот Ратаец.

Подготовките Еурофарм Пелистер ги започна на 8 јануари и одигра две контролни средби, а утре во Скопје ќе игра контролен натпревар против екипата на Вардар, кој ја води екс тренерот на Еурофарм Пелистер, Стевче Алушевски.

По натпреварот во Скопје, главната фаза од подготовките екипата ќе ја одработи во Врбас, Србија, каде ќе одигра и неколку контролни средби.

Ракометрите на Еурофарм Пелистер потоа ќе продолжат за Хрватска, каде ќе го играат првиот натпревар против екипата на Нексе од СЕХА лигата на 1 февруари.

More from СпортMore posts in Спорт »