Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: со “рено меган“ прегазил двајца пешаци, редовни сообраќајни контроли

На 22.01.2020 во 08.00 часот на ул. „Македонски гемиџии“ во Битола, патничко возило “рено меган“, со битолски регистарски ознаки, управувано од битолченец, удрило во пешаците на возраст од 65 и 63 години , двајцата од Битола. Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Полициски службеници од СВР Битола на 22.01.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека двајца возачи управувале нерегистрирано возило, пет возачи разговарале на мобилен телефон додека управувале возило, а двајца возачи не поседувале возачка дозвола. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

More from ВестиMore posts in Вести »