Press "Enter" to skip to content

На првата посериозна проба, Еурофарм Пелистер загуби од Вардар

Вардар – Еурофарм Пелистер 32:28 (15:12)

Екипата на Еурофарм Пелистер во рамките на подготовките за престојната полузесона ја одигра првата посериозна контрола против Вардар, во Скопје, и е поразен со 32:28, полувреме 15:12.

Европскиот првак, екипата на Вардар, предводен од Стевче Алушевски, и ова негова прва победа откако ја води оваа екипа, откако го напушти Еурофарм Пелистер. 

Овој контролен натпревар по договор на двете екипи се одигра без публика. 

По натпреварот екипата на Еурофарм Пелистер замина за Врбас каде ќе престојува и ќе ги има завршните подготовки пред натпреварот со екипата на Нексе на 1 февруари, во рамките на 1/8 финалето од СЕХА лигата.

More from СпортMore posts in Спорт »