Кошаркарите на Пелистер в сабота ќе го играат можеби најважниот натпревар во оваа сезона, против екипата на Работнички. Претседателот на Пелистер, Сашко Наумов за стартот на сезоната и она што ги очекува понатаму вели:
-Кошаркарите и ние како управа на стартот на полусезоната најавивме дека амбициите се на клубот ако ни даде шанса да бидеме во најдобрите шест екипи во плеј-офот. Клубот организациски е на високо ниво, играчки сме добри, а еве уште на стартот ја имаме приликата да се бориме за пласман, да играме со најдобрите шест во продолжението на сезоната, а за она што го очекува Пелистер прво в сабота против Работнички, а и потоа додава:
-Стартувавме со победа во оваа полусезона и се надеваме дека така и ќе продолжиме. Пред нас е натпревар против екипата на Работнички, екипа која каде и да настапува е екипа за почит, па така и ние со почит ја пречекувама во Битола. Но, ние в сабота со оглед на распоредот на табелата, според мене можеби го играме натпреварот кој ќе ја “реши“ сезоната. Ако сакаме да останеме во игра за плеј-оф мораме да победиме, а тоа можеме да го направиме, а како да дојдеме до победа, ќе одлучи тренерот.
Претседателот Наумов за овој, како вели одлучувачки натревар со порака и до битолчани.
-Ни треба на сите нам еден ваков натпревар, силен одлучувачки, да играме за пласман, но секако и на публиката. Затоа сакам да ги повикам сите битолчани в сабота во салата “Боро Чурлевски“ да им помогнеме на кошаркарите и да стигнеме до победа која ќе ни ја отвори вратата од плеј-офот, за да можеме во продолженито да гледаме и уживаме во другите возбудување кои ќе следуваат.
С.Р.






