Press "Enter" to skip to content

“Vitaf diet“ утре со предавање и презентација како до подобро здравје и намалување на телесната тежина

Велисипедскиот клуб Пелистер  15 Мај  во соработка “Vitaf diet“ утре организира предавање и презентација на производите на оваа компанија во Битола, а на неа ќе зборува нутриционистот Тоше Соколов, кој е сопственик на компанијата и соработник со нашиот медиум bitolanews.-Услугите на нутриционистот Тоше Соколов ние како клуб ги користиме подолго време, а сите членови на клубот се задоволни од неговите совети и семињата кои тој им ги “препишува“. Исто така и на голем број битолчани им го имаме препорачано како нутриционист, па затоа се одлучивме за нас членовите на клубот и за сите заинтересирани да одржи предавање и презентација, вели Африм Јусуфу, тренер во Пелистер 15 Мај.Тоше Соколов за своето предавање вели:

-“Vitaf diet“ соработува со многу клубови и спортисти, а во Битола со велосипедистите. Овој пат за разлика од друг пат се одлучивме предавањето да биде отворено за сите битoлчани. Битолчани преку вашиот медиум ги добиваат вашите совети, но утре сакам лично да им зборувам за сите наши производи, како ги подготвуваме, како да се користат… Ќе се зборува конкретно како до подобро здравје и намалување на телесната тежина преку конзумирање на “Vitaf diet“. Ова е четврто предавање оваа година, по Софија, Охрид и Скопје доаѓам во Битола.

Предавањето и презентацијата ќе се одржи утре, петок во Малата сала на Центарот за култура, со почеток во 18 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »