Press "Enter" to skip to content

Предавање и презентација на производите на “Vitaf diet“ (фотогалерија)

Во малата сала на Центарот за култура, синоќа се одржа предавање и презентација на производите на “Vitaf diet“ во Битола, на која зборувааа нутриционистот Тоше Соколов, кој е сопственик на компанијата и Јасна Соколов, која ги презентираше производите.Трибината беше во организација на велисипедскиот клуб Пелистер  15 Мај, а покрај тоа што беа присутни членовите на клубот имаше и голем број на корисници на овие производи, како и други заинтересирани битолчани.-Предавањето беше огранизирано од страна на велосопедистите на кои им пренесов совети исхрана во овој период, но корисни нутриционистички совети добија  останатите. Мило ми е што во Битола имаме голем број на корисници на нашите производи. Тие се консултираат  и  бараат совети од нас за тоа како правилно да се хранат, како да ја намалат телесната тежина, рече нутриционистот Тоше Соколов.-“Vitaf diet“ соработува со многу клубови и спортисти,но во Битола најповеќе со  велосипедистите.  На предавањето исто така ќе се обрне внимание за тоа како до намалување на телесната тежина со конзумирање на “Vitaf diet  и со нивната нутритивна вредност до подобро здравје.Јасна Соколов, на присутните им ги презентираше нејзините искуства од конзумирањето на производите “Vitaf diet“ со придржување на  советите на нутриционистот Тоше Соколов, како дојде до намалување на телесната тежина, и како да се одржува. -На битолчанки им ја раскажав мојата приказна и како преку мојот пример да ја намалат телесната тежина, а се надевам дека ќе ги мотивирам и тие да го направат истото, бидејќи кога нешто се сака ништо не е надостижно. Самомотивацијата е најважна, но кога ќе се одлучат на овој чекор, мора да се има и дополнително знаење и совети, а ние сме тука на сите да им помогнеме, рече Јасна Соколов.Тоше Соколов во интерактивниот дел со присутните одговараше на повеќе прашања, а се задржа и на некои популарни навики кои секојдневно се применуваат, посебно на кафето и  неговите карактеристики, како да се конзумира, во кое време и за неговите добри и лоши страни.Ова беше четврто предавање на “Vitaf diet“ оваа година, по Софија, Охрид и Скопје доаѓам во Битола.С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »