Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Да им читаме на децата“ во од градинката “Снегулка“

-Продолжуваме со активноста „Да им читаме на децата“. На иницијатива на негователката Гзиме Коминовска од градинката „Снегулка“ продолжуваме да читаме книги на нашите најмили и најмлади читатели во градинките. Секоја недела на сите групи ќе им прочитаме книги. Во соработка со градинката „Естреја Овадија Мара“ и директорката Лидија Тфирст Митреска се договоривме и за активности во градинката „Пролет“, за што им благодариме за интересот и вклученоста во проектот, вели координатор на проектот м-р Фатма Бајрам Аземовска, која беше заедно со библиотекарките Вера Марковска и Гордана Ѓоргиевска Неделковски во реализираната активност. 

Истовремено беше промовирана акцијата за бесплатно членство на сите деца од 0-6 години. Читањето е клучна вештина која ни помага да учиме и да го живееме животот и затоа започнувањето со читање е возбудлива и важна фаза од развојот на децата. Како и со многу други вештини, децата постепено ги совладуваат вештините кои им се потребни за читање еден долг период, почнувајќи неколку години пред да можат да ја разберат смислата на напишаните зборови. 

More from ВестиMore posts in Вести »