Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: вонредно собрание на ФК Пелистер, Ванчо Атанасов – претседател

Во фудбалот во Битола, односно во раководењето со клубот се менувале многу управи, а причините биле секакви. Една таква промена се случи и на стартот на 2010 година, кога се одржа и вонредно собрание на ФК Пелистер, започна со своите сеќавања Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.

-Бидејќи многу прецизно ги водам белешките за случувањата во Битола, посебно во спортот во изминатите години, ќе кажам дека промената беше договорена претходно, а вонредното собрание беше за потврда за тоа. Собранието го водеше Пеце Стојчевски, кој сега да потсетам е соптвеник на ФК Пелистер, му помагаа неколку вљубеници во фудбалот кој се фотографиите направени тогаш, вели Миновски.За престедател беше избран Ванчо Атанасов, а за старо-нов тренер на Пелистер, Наум Љамчевски, а беа најавени и наколку квалитетни имиња.

Потоа следуваше и првиот состанок на новиот претседател на Пелистер, Ванчо Атанасов, со играчите, а  во моите белешки стои: имаме квалитетен состав и не се плашиме од никого. Со оглед на тоа дека веќе сме во полу-финалето на купот ќе се потрудиме да одиме до самиот крај и зошто да не донесеме и титула во Битола. Секако дека не го запоставуваме првенството – атакуваме на трето место.

More from БитолаMore posts in Битола »