Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пожар во куќа и викенд сообраќајни контроли

На 26.01.2020 во СВР Битола, А.А. (49) од Битола пријавил дека околу 13.20 часот настанал пожар во неговата куќа на улица „Михајло Андоновски“ во Битола, при што бил опожарен аспираторот во кујната. Пожарот бил изгаснат, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Полициски службеници од СВР Битола за време на викендот (24, 25, 26 јануари 2020) извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека пет возачи управувале нерегистрирани возила, кај 12 возачи констатирано е присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, тројца возачи разговарале на мобилен телефон додека управувале возило, 15 возачи не поседувале возачка дозвола, 19 возачи ја надминале максималната дозволена брзина, а 10 возачи не користеле сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

More from ВестиMore posts in Вести »