Press "Enter" to skip to content

СЕХА ги утврди термините, Еурофарм Пелистер на 1 февруари во Нашице, на 12 февруари во Битола

СЕХА лигата ги одреди термините за одигрување на осминафиналните натпревари сезонава, кои се квалификациони, а ќе се играат по два натпревари.

Еурофарм Пелистер гостува во првиот натпревар против Нексе Нашице, а е закажан за сабота, на 1 февруари во 15:00 часот.

Реваншот е закажан за среда, 12 февруари во 20:15 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.

Победникот од овој двомеч ќе игра со екипата на Вардар во четвртфиналето.

More from СпортMore posts in Спорт »