Press "Enter" to skip to content

На радост на “гејмерите“ и “гејмерките“, “Глобал Гејмџем“ и во Битола на ФИКТ, пријавувањето во тек

Македонската асоцијација за развивање игри потврди дека и годинава ќе се оджи “Глобал Гејмџем“ (GGJM 2019) во три града во Скопје, Битола и Охрид, во последниот викенд овој месец од 31 јануари.

За време на 48-часовниот маратон се изработуваат игри, а во него може да учествува секој ентузијаст и љубител на гејмингот, а во тек е пријавувањето за гејмџемот во Битола, кој ќе се одржи во анфитеатарот на ФИКТ.

“Global Game Jam Македонија 2020“ очекува да има преку 350 учесници на локациите во Скопје, Битола и Охрид. Очекуваме да продефилира публика од неколку илјади луѓе за време на отварањето и затварањето, како и во текот на настанот.
Профили кои ќе се сретнат на GGJM20 се:

• Девелопери, 2Д и 3Д артисти, саунд дисајнери, продуценти и гејм дизајнери, експерти за монетизација,…
• Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата
• Гејм девелопмент ентузијасти од сите возрасти. Просечната возраст на нашите учесници е 25 години

Инаку, “Global Game Jam“ е најголемиот светски настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48-часовен маратон. Во 2019 година на Global Game Jam се сретнаа 47.000 џемери, се одржа на 860 локации во 113 земји и беа создадени 9000 игри.

Сите Вие кои сакате да креирате игри и знаете да цртате, моделирате, компонирате, програмирате, дизајнирате, мудрувате и продуцирате, па дури и само сакате игри, Вие сте за тука!

Нема потреба да имате тим. Дојдете и тука ќе соберете дружина за квестот наречен GGJM20!

‼ Задолжителна пријава на:
https://globalgamejam.org/2020/jam-sites/skopje-ggjm-2020

Цена на влезница за учесниците е 250 денари, а со тоа добивате:
Непрекинат интернет пристап, оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор, забава и нормално, топли простории во зимските денови!

Македонија го започна своето учество во 2013 година, а на него досега се сретнаа скоро 1700 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. До сега се создадени 162 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.