Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер продолжи со победите на подготовките во Србија

Спартак – Еурофарм Пелистер 19:28

Еурофарм Пелистер се наоѓа на завршни подготовки во Србија, а го одигра и вторито контролен натпревар пред значајниот натпревар против екипата на Нексе, што ќе значи и официјално отворање на пролетниот дел од оваа ракометна сезона.

Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Спартак од Суботица, со резултат 28:19, во натпревар каде битолчани беа подобри во сите фази на играта за цело време и заслужено дојдоа до втората победа во Србија.

Претходно ја победија и екипата на Војводина, а до крајот на мини-подготовките “фармацевтите“ ги чека уште еден контролен натпревар.

More from СпортMore posts in Спорт »