Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес ја закажа 50. седница на Советот на Општината Битола со почеток во 10,оо часот.
На седницата, според пррдложениот дневен ред ќе се расправа по вкупно 26 точки, за платите на државните службеници, за парк за деца и лица со посебни потреби и слепи лица во Градскиот парк, за ДУП во Долно Оризари, за планови на општината за 2020 година, за програмата за животна средина за 2020 година…
Предложениот дневен ред:
1.Одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година.
2. Одлука за определување на благајнички максимум за 2020 година.
3. Одлука за примање на донација – (Парк за деца и лица со посебни потреби и слепи лица) на Општина Битола даден од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
4. Одлука за давање на управување и одржување на „Парк за деца и лица со посебни потреби и слепи лица на Општина Битола“ на ЈП „Комуналец“-Битола.
5. Одлука за донесување на Урбанистички план за село Долно Оризари – Општина Битола.
6. Одлука за обезбедување надзор од страна на Општина Битола за реализација на проектот „Изградба на улици во населено место с.Долно Оризари“ – Општина Битола.
7. Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Ресен Демир Хисар, Могила и Новаци за учество во финансирањето на Регионалниот ресурсен центар за слепи лица и лица со оштетен вид за општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила – Битола.
8. Програма за измена и дополнување на Програмата за економски развој на Општина Битола за 2020 година.
9. Програма за измени и дополнување на Програмата за остварување на социјалната заштита во Општина Битола за 2020 година.
10. Програма за измени и дополнување на Програмата за животна средина за 2020 година.
11. Правилник за начин, услови и критериуми за надоместување на трошоците на домаќинствата во утврдените зони на подрачјето на Општина Битола за заштита на квалиетот на амбиенталниот воздух – замена на печките кои користат огревно дрво со инвертер клими.
12. Проект Почиста и зелена Битола 2020 година.
13. Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈП “Комуналец“ – Битола.
14. План за начинот на вршење дејност – водоснабдување во вонредни околности на ЈКП „Водовод“ Битола.
15. Решение за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Одлуката за усвојување на Ценовникот за изведување на градежни и монтажни работи по Програмата на Општина Битола од ЈКП „Водовод“-Битола.
16. Решение за давање согласност на Одлуката од КЈП „Нискоградба“-Битола во врска со измени и дополнување на Ценовникот бр.01-724/1 од 16.06.2014 година.
17. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување вредноста на бодот за пресметка на плата на помошно-технички лица за 2020 година во ЈОУ Дом за стари лица Сју Рајдер Битола.
18. Решение за давање согласност на Одлука за утврдување на максималниот износ на бодот за пресметување на платите на даватели на јавни услуги и на директорите на јавни установи за социјална заштита и јавните службеници во јавните установи за социјална заштита за 2020 година во ЈОУ Дом за стари лица Сју Рајдер Битола.
19. Решение за давање согласност на Одлука за утврдување вредност на бодот за пресметување на плата на административните ( јавните) службеници вработени во ЈОУДГ „Мајски Цвет“ – Битола за 2020год.
20. Решение за давање согласност на Одлука за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца – ЈОУДГ „Мајски Цвет“ – Битола за 2020.
21. Решение за давање согласност на Одлука за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца – ЈОУДГ „Естреа Овадиа Мара“ – Битола за 2020.
22. Решение за давање на позитивно мислење на Одлуката на Статутот на ОУ„Александар Турунџев “ с.Кукуречани.
23. Решение за давање на позитивно мислење на Одлуката на Статутот на ОУ „Стив Наумов “ Битола.
24. Решение за давање на позитивно мислење на Одлуката на Статутот на ОУ „Гоце Делчев “ Битола.
25. Решение за давање на позитивно мислење на Одлуката на Статутот на ОУ „Тодор Ангелевски “ Битола.
26. Решение за разрешување и именување од член на Надзорен одбор во КЈП„Нискоградба“-Битола.






