Нексе – Еурофарм Пелистер 23:20 (10:9)
Екипата на Еурофарм Пелистер е поразена на гостувањето во првиот натпревар од осминафиналето во СЕХА лигата од екипата на Нексе од Нашице со гола, иако имаше шанса и за помала разлика, посебно по 21:20 во самата завршница од натпреварот.
Натпреварот беше отворен со многу грешки, а екипта на Еурофарм Пелистер за десетте стартни минути погоди само еднаш (4:1), а на половината од првото полувреме беше само еден гол минус 5:4, по добриот период на игра на битолчани. До крајот на полувремето Еурофарм Пелистер израмни и на 9:9, но на одмор се отиде со 10:9. Тука треба да се споменат и одличните одбрани на голманите Митревски и Чанески, посебно при ударите од седум метри.
Второто полувреме започна како и првото со поефикасна игра на домаќините кои во 42 минута имаа +4 (15:11), по што следуваше тајм-аут за Бабиќ. Потоа Еурофарм Пелистер дојде до гол разлика 16:15. На само три минути до крајот остана истата разлика -1 (21:20), по што прими гол за 22:20. Следуваше одбрана на домаќините, а на само 2 секунди пред крајот нов гол во мрежата на битолчани за 20:23.
Кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Остроушко со седум и Јотиќ со шест гола, а голманскиот тандем имаше 15 одбрани.
Резултатот во секој случај е активен, за возвратниот натпревар, кој ќе го даде противникот на другата македонска екипа Вардар во четвртфиналето кој е закажан за 12 февруари во 20:15 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.






