Press "Enter" to skip to content

Младиот ракометар на Еурофарм Пелистер ќе игра на медитеранските игри

Младиот битолски ракометар кој настапува за екипата на Еурофарм Пелистер, Христијан Митревски, е повикан во репрезентацијата на Македонија, која ќе настапи на Медитеранските игри, кои ќе се одржат во Атина, Грција од 16 до 22 февруари.

Никола Матлиевски, помошниот на селекторот Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари во младинска категорија родени 2002 и помлади за собир и подготовки за учество на меѓународен медитерански шампионат во Атина, а во нив е Митревски, што за него и клубот е големо признание.

На меѓународниот медитерански шампионат ќе настапат 14 репрезентации во две групи по седум репрезентации, а ждрепката ќе се одржи на 16 февруари.

More from СпортMore posts in Спорт »