Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: и пред 10 години Зоран Штерјевски бил тренер на ФК Пелистер (фото)

–Некои работи се повроруваат, а кога ќе се совпаднат тешко е да се поверува, дека било така, започна со своите сеќавања Димче Миновски, доајенот на битолското новинарство, присетувајќи се за случувањата во ФК Пелистер пред десет години, а се повторуваат сега.-Во 2010 година за прв тренер на ФК Пелистер во еден период во кој, ако се сеќавам добро, кога се менуваа управите, беше Зоран Стерјовски, кои и сега е на чело на клубот, односно е шеф на стручниот штаб на оваа генерација фудбалери. Подготовките започнаа подоцна, на почетокот на февруари, поради неизвесноста, односно, како реков, промената на раководството на клубот, вели Миновски.Во тој период помошник на Штерјовски му беше Кире Стерјов, а според фотографиите играч и тогаш бил Горан Ганчев, кој и сега по 10 години по неколку трансфери е во тимот на Пелистер.–Од фудбалерите кои играле во тоа време бил и Милан Ивановиќ, Борче Марковски, Магловски, Николче Петровски…, додава Миновски.

More from БитолаMore posts in Битола »