МЗТ Скопје – Пелистер 83:59 (29:10, 19:15, 20:21, 15:13)
Спортска сала “Јане Сандански“, гледачи: 100
Судии: Митровски, Панов, Лазов
МЗТ Скопје: Крстевски 7, Николов 8, Магдевски 11, Стојановски 15, Маслинко 14, Милошевиќ 14, Трпевски, Ерон 3, Радуловиќ 6, Џабарие 5.
Пелистер: Думиќ 5, Враниќ, Мекиќ 18, Зекири 13, Казарновски 23, Трсунов, Обедниковски, Пенов, Гулевски, Јанев, Лазаревски.
Кошаркарите на Пелистер се поразени на гостувањето во Скопје, од екипата на шампионот МЗТ Скопје, во натпревар во кој ги немаше дел од првотимците, кои беа поштедени за наредните важни натпревари за пласман во најдобрите шест.
“Металците“ победата ја најавија на стартот на натпреварот, во првата четвртина која ја добија со 29:10, а “пелистерци“ со “мала клупа“ немаа сила да се изборат за неизвесен натпревар, а на одмор се отиде со висока разлика за домашните 48:25.
Третата четврина резултатски им припадна на кошаркарите на Пелистет 20:21, но тоа беше премалку за изненадување во “Јане Сандански“, а последната четвртина беше само формалност.
Во екипата на Пелистер најефикасен беше Казарновски сое 23 поени, следува Мекиќ со 18, а Зекири имаше “дабл-дабл“ од 13 поени и 12 скока.






