Press "Enter" to skip to content

Бутик “Stone bridge“ на нова локација, на влезот во чаршијата, под дрвеното мовче (фотогалерија)

Овие денови сопствениците го завршија уредувањето на бутикот “Stone bridge“ на нова локација. Сега на едно место во нов уреден простор машки и женски оддел. Бутикот “Stone bridge“ има подолга традиција во Битола, како семеен бизнис,  каде за машкиот дел е задолжен Александар Бундалевски, а за бутикот за женска гардероба неговата сопруга Елена. Поразговаравме со нив за идејата да биде се на едно место.-Сега сме на едно место заедно и сметам дека е добра идеја што и припадниците на машката и женска популација можат заедно да купуваат. Не мора мажот да чека додека жената разгледува, а тоа трае подолго низ смеа ни кажа Аце, и додава:-Сметам дека е добра опција да го прават купуваеето на гардероба заеднички. Исто така мажот може да добие совети од женскиот дел во бутикот. Добрите совети од женско перфекционистичко око се добредојдени.  Шегата настрана јас тука би кажал за машкиот оддел можам да кажам дека во ова време кога секаде може да се најде се, ретки се специјализираните продавници низ Битола каде може на едно место да најдете се што ви потребно за комплетно да се дотера еден современ маж.Бутикот “Stone bridge” на битолчани им нуди модерни струкирани машки и класични кошули, костими, палта, блејзери, чевли, вратоврски, пеперутка вратоврски, колани, петлици за ракави за кошули, новчаници, чанти, што значи дека секој наш сограѓанин од овој бутик може да излезе “комплетно дотерани“ за секоја свечена прилика било свечена или кежуал.Во бутикот за мажи, “Stone bridge”, не се заборавени ниту оние битолчани кои преферерираат “спортски стил“ на облека.-Би додал уште дека Во делот за машка гардероба припадниците на посилниот пол со сигурност можат да ја продолжат конзулската традиција за облекување бидејќи тука можат да набават класична машка облека и модерна (тренди) машка облека, која претставува вистински спој на стил и елеганција, вели Бундалевски.Елена Бундалевска заедно со ќерката Теа задолжени за женскиот дел во  бутик “Stone Bridge“ каде има  различни модели на  кошули, модерни во ретро стил со прозирни  ракави кои сe “Must have trend “ за оваа сезона  и  кошули со чипка која е исто така модерна и како стил е “ин“ за свечени прилики. Во женскиот дел тренди фустани во различен дизјн, боја и  други парчиња гардероба по најнови модни трендови.Во женскиот бутик има и женски костими со пантолони и сакоа во ретро стил од плиш, кој повторно се врати  на голема врата во модата оваа сезона, но и убаво се вклопува во елегантана зимска романтична атмосфера. Како надополнување на облеката женскиот бутик “Stone Bridge“ нуди и елегантни зимски јакни со крзно и бунди од вештачко крзно во разни бои.-Би истакнала дека  нудиме попуст од 50% на зимската гардероба, 30% и 20% на целокупната гардероба, па затоа повелете посетете не на улица “Крали Марко“ бр. 3 во Битолска чаршија. На другиот спрат, посебен дел од бутикот се наоѓа  облека  за свечени прилики и тука имате избор на елегантни, свечени долги фустани. За мажите елегантни одела и кошули. Со  заедничко купување парот може да изгледа светски стилизирано и во слични тонови, вели Елена.Во овој дел  за сите  битолчани кои ќе “стапнат на лудиот камен“ им нуди комплет свечена облека (костуми, смокинзи, кошули),  чевли и други додатоци, за да им го збогатат најубавиот ден од нивниот живот.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »