Press "Enter" to skip to content

Отчет на директорите од ДУИ за досегашната работа пред битолчани (фотогалерија)

Во преполната голема сала на хотелот “Капри“ синоќа министрите, државните сектетари заедно со директорите на ДУИ, дадоа отчет за сработеното пред битолчнани, а одговараа на прашањата кои им беа поставени.Домаќини на сите гости беа претседателот на битолскиот огранок на ДИУ, Љутви Ахмети, и генералниот директор на “Македонија пат“, Беким Мемеди, кој исто така даде отчет за сработеното во периодот откако е назначен на оваа функција.Мемеди се задржа на она што е направено од “Македонија пат“ и она што се планира.-На местото директор на ЈП “Македонија“ сум помалку од шест месеци, а тоа е државна компанија која е многу значајни за државата. Во овие месеци колку што сум директор имаме асфалтирано околу стотина километри патна мрежа. Проектите кои се однесуваат на Битола и Пелагонискиот регион се наоѓаат на врвот на агендата на јавното претријатие “Македонија пат“ бидејќи не дека јас сум битолчанец, туку ова регион кој е значаен за државата. Асфалтиран е прво регионалниот пат од село Бистрица до село Драгош во должина од 6 километри во вредност околу 25 милиони денари. Друг пат кој е асфалтиран е регионалниот пат од Битола до село Братиндол во должина од 3 километри во вредност од 15 милиони денари. Тука е асфалтирањето на влезот во Битола од страната на Прилеп. Кога зборуваме за овој регион морам да се напомене дека е асфалторано во Мариовскиот, патот од село Рапеш до село Старавина во должина од 9 километри, како и  од село Скочивир до село Гермијан. Овие инвестиции во Битолскиот регион имаат големо значење за руралните средини за полесен живот на жителите од овие места и секако придонес кон она што сите се трудиме да се спречи иселувањето, прво од селата од потоа и од државата.Мемеди ги најави и проектите кои ќе се работат пролетва:-Најавувам два проекти кои се во завршна фаза. Тоа е влезот во Битола од Ресен, односно од бензинската пумпа “Лук Оил“ и комплетна санација и асфалтирање на стариот пат Кажани – Доленци – Лера. Сега исто така имаме и идеен проект за патот Битола- граничен премин Меџитлија, како и за експресниот пат Битола – Прилеп. Инаку на патот кој сега се користи од Битола до грчката граница во март ќе се постави нов асфалт, односно ќе се изврши комплетно асфалтирање.Беким Мемеди се осврна и на вработувањата најболна точка кај битолчани, и рече дека имаат остварено многу на тој план, ни и дека и во иднина ќе бидат концентрирани на тој проблем, кој го имаат сите битолчани, без разлика од која националност се.Министерот за економија, Бектеши, министерот за образование Адеми, министерот за локални инвестиции Џемаили, како и директорите и државните секретари дојдоа пред албанските граѓани на Битола, каде го презентираа сработеното и она што ќе се работи во иднина.

Вакви средби најавија дека ќе има понатаму, а дека тие се секогаш достапни за сите кои сакаат да им се обратат без разлика дали имаат проблеми или сакаат да придонесат во планирањеро и резлизацијата на проектите.

Ф.Ј.