Press "Enter" to skip to content

Форум за пребарување на партнери за вториот повик за предлог-проекти (фото)

Во хотел “Епинал“ во Битола, Управниот орган (м-р) на ЕТЦ програми, Националната власт (НА) и Заедничкиот секретаријат на Интеррега ИПА програмата за прекугранична соработка “Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година“ го организираат 1-виот Информативен ден, односно, форумот за пребарување на партнери за потенцијални корисници на Вториот повик за предлози.Добредојде на присутните им посака министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, кој се осврна на придобивките со реализацијата на проектите од оваа програма, и бенефитите кои би ги добиле жителите од овој регион.-Специфични теми се развој и поддршка на локалната економија, преку создавање можности за вработување на образовани дипломирани студенти со искористување на компаративни предности на прекуграничната област, по можност со употреба на иновативни алатки и практики и подобрување на атрактивноста и промовирање на туризмот во прекуграничната област за зајакнување на вработеноста во туризмот, како прва приоритетната оска. Заштита на животната средина, транспорт, превенција, ублажување и управување со природни непогоди, ризици и опасности, како втора приоритетна оска. Вкупниот (унија и национален) индикативен буџет достапен за Повикот е 6.000.000 евра, истакна Милевски.Потоа беше презентација на Вториот повик за предлози од страна на Заедничкиот секретаријат, а беше и претставен Прирачникот за имплементација на програмата и проектот. Конкурирање во овие проекти треба да се направи преку Електронско доставување на Образецот за апликација, а рокот за доставување на апликациите е 10 март 2020 години.Во продолжението на информативниот ден се зборуваше и за оправдување на буџетските трошоци, преку презентација и упатства, како и за пребарувањето на партнери. На крај беше објанета и контролата која ќе спроведува преку  Програма и национална правила, како и постапка за евалуација и селекција.