Press "Enter" to skip to content

Митревски и Ојлевски на совесните возачи им подарија влезници и фрешери, за несовесните опомени (фото)

Капитенот на Еурофарм Работник, Гоце Олјевски, голманот Никола Митревски и директорот на клубот Димитар Митревски, денес беа дел од превентивата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, под мотото “Стави појас“.Популарните ракометари на совесните возачи кои имаа ставено појас и имаа вклучени светла на своите автомобили ги наградија со влезници за утрешниот натпревар на Еурофарм Пелистер и Нексе, а оние кои не ги почитуваа сообраќајните правиле, денес не беа казнувани туку им беше превентивно укажувано за тоа да го прават во иднина.-Важно е да се потенцира дека кампањата ќе биде поддржана од повеќе јавни личности и од општествено одговорни компании и согласно тоа во наредниот период ќе бидат реализирани повеќе превентивно едукативни активности и изненадувања за поддржувачите на ракометот и тоа:  освежувач за автомобил со боите на клубот за секој посетител на натпреварите, превентивни акции и билети за возачите кои користат појаси, опрема, маици и други реквизити за оние кои во рамките на акцијата ќе биде потврдено дека користат појас кога возат или патуваат, вели Соња Стаматова, портпарол на СВР Битола.Истражувањата и проценките  покажуваат дека помалку од 40% од  возачите користат сигурносен појас.  Тој процент е уште помал кога станува збор за сопатници на предното седиште кои користат појас.  Бројот на патници на задното седиште кои користат појас е приближно еднаков на нула. За споредба само,  стапката на користење сигурносен појас на предните седишта во земјите од Европската Унија е околу 90%, а на задните седишта од 60% до 70% и ЕУ ова го смета за „сериозен проблем“.  

More from ВестиMore posts in Вести »