Сончевото време, чистиот воздух и одлично подготвените скијачки патеки беа доволен мотив, изминатиот викенд хотелот “Молика“ и ски-центарот “Копанки“ да ги срушат рекорди на посетеност.
Гости од Битола и регионот, како и од соседна Албанија имаа можност да уживаат во зимските спортови и во убавините на националниот парк “Пелистер“.
-Беше вистинско задоволство да се биде сведок на незапаметена посетеност на ски терените на Копанки и да се почувствува пријатното расположение на гостите. Традиционалната гостопримливост карактеристична за вработените во „Молика“ уште еднаш беше потврдена преку дадените услуги и беспрекорниот сервис и покрај огромниот број скијачи, ски-бордери, планинари и рекреативци – велaт од менаџерскиот тим на “Елемтурс“, подружница хотел “Молика“.
Модернизираната, проширена и реновирана тераса на хотел “Молика“ беше преполна со гости во текот на целиот викенд.

Хотелот “Молика“ преполн со гости привлечени од снегот и сончевото време (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени





