Пелистер Волеј – Македонија Макс 3:1
(21:25; 25:13; 25:13; 25:19)
Во преполната сала на медицинското училиште во Битола, “Д-р Јован Калаузи“ Пелистер Волеј ја помина првата пречка по одморот и зимските подготовки, и се плсира во 1/4 финалето од македонскиот одбојкарски куп, победувајќи ја екипта на Македонија Макс, во натпревар во кој демонстрираше моќ и имаше контрола над целиот натпревар.
По победата над екипата на Македонија Мкакс тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски рече:
-Освен во првиот сет, во кој направивме неколку грешки и дадовме лесни поени на противникот, се понатаму одеше како подмачкано, но во тој прв сет не беше лесно да се биде тренер и да води екипата, посебно бидејќи ова ни е прв сериозен натпревар по зимската пауза. Потоа се си дојде на свое место, во вториот и третиот сет имавме тотална контрола и доминација, додека по малата криза во четвртиот сет, со серија на разорни сервиси на Пејовска направивме пресврти и моќно го завршивме овај натпревар во наша полза и додава дека поубав почеток за 2020 и не можеле да посакаат.
Лидер во освоените поени беше коректорка, Ања Ристевска, со освоени 17 поени, а следуваат Ивана Белокозовска 14, Ева Трпеновска 14, Тамара Жабјановска 10, Ана Пејовска 9, Стефани Најдановска 4, Јана Василевска 1 и Андреа Стојановска 1.
[ngg src=”galleries” ids=”509″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






