Press "Enter" to skip to content

Домашен пораз на одбојкарките во првенството (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Ускана
1:3 (19:25, 25:19, 19:25, 21:25)

По убедливата победа во Купот пред три дена, одбојкарките на Пелистер Волеј во непрепознатлива игра за нив се поразени на свој терен од кичевската екипа Ускана, со 1:3 по сетови.По поразот тренерот на Пелистер, Роберт Митковски, видно незадоволен од тоа како играа неговите избранички, по натпреварот ни рече:-Што да се каже по непланиран пораз на домашен терен. Кикс и пораз на нашите одбојкарки во првото пролетно коло од оваа полусезона.  Можам само да кажам дека ништо не наликуваше на играта која ја имавме само пред два дена во натпреварот од купот. Бледа и непрепознатлива игра. Потфрливме во секој сегмент од играта, а за причините за поразот додаде:-Трошевме огромен број на топки и денес едноставно немаше што да се бара повеќе.
Апсолутно е недозволиво да се има ваков пристап.
Сосема заслужена победа на противникот и им честитаме на истата. Ние денес не заслуживме да се радуваме на нови бодови.Ова е почеток на натпреварувањето во оваа полусеона, а како велат од клубот пораз кој дојде во вистинско време, ако тоа може да се рече за пораз. Се надеваме дека сите поединци ќе изнајдат сили да го изменат пристапот и начинот на кој треба да го одиграат вториот дел од сезоната.Утре младинките го играат 1/4 финалето од Купот.

More from СпортMore posts in Спорт »