Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Каевски, Петровска, Наумовска, Ќурчиевски, Козаров… на средба со младите во “Пајтон“

По започнувањето на работите околу затворениот базан во ОУ “Даме Груев“, директорот на Агенцијата за млади и спорт одржа неформална средба и кафе дружење со битолските членови на локалниот клуб на СДММ во кафулето “Пајтон“.На средбата беа и градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, заменик министерката за образование и наука – Елизабета Наумовска, претседателот на ОО на СДСМ Битола – Златко Ќурчиевски, претседателот на Советот – Валентин Груевски, координатор за 5. изборна единица Горан Козаров, координаторот на советничката група на СДСМ во Советот – Методија Илиевски и други.Младите предводени од претседателот на ЛК на СДММ, Петар Никовски, отворено разговараат за проблемите кои ги имаат, како да се решат или надминат, а преложија и неколку проекти со кои ќе се олесни животот на младите во Битола и друго.