Пред 10 години на балканските телевизии се емитуваше светското реално шоу “Survivor“, кое битолчани го гледаа со големо внимание, поради тоа што во него учествуваше и еден наш познаник, ги започна своите сеќавања, Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
-Тоа беше мојот голем пријател Пеце Котевски, шампион во боди-билдинг и спортист на Битола. Пеце Котевски вработен во СВР Битола после ригорозни подготовки и квалификации од многу пријавени беше избран и влезе како учесник во шоуто. Сега тој живее и работи во Сиднеј, Австралија, рече Миновски.
Котевски беше еден од ликовите кои заедно со останатите “преживени“ во шуото остави трага во ова светско реално шоу. На телевизиските екрани многу гледачи ги гледаа авантурите на оние кои требаше да преживеат во сурови услови, но за жал нашиот Пеце Котевски не успеа да остане до крајот и да освои награда изразена во евра.
-Но, Котевски остави впечаток кај останатите учесници со кои живееше и се дружеше одреден период додека се снимаше реалното шоу. На негова покана сите 12 учесници беа негови гости и дојдоа во Битола еден викенд. Тие се дружеа со битолчани, се присеќава Миновски и вели:
-Прво свечено беа пречекани, потоа имавме вечерно дружење со битолчани во дискотека, а утрешниот дел низ кафулината по Широк Сокак. Тоа неделно претпладне иако врнеше дожд сепак битолчани не ја пропуштија приликата да се фотографираат со нив и во живо да разменат некој збор.Во тој период тие беа миленици и популарни личности заради тоа што секојдневно беа на телевизиските екрани.
Инаку, реалното шоу “Survivor“ се снимаше при крајот на летото 2019 година на остров во Филипини, а се емитуваше пред и околу Нова година.

Деновиве пред 10 години: “преживените“ од “Survivor“ гости во Битола
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





