Press "Enter" to skip to content

“Ротаркт клубот“ со голем хуманитарен настан поддржан од Еурофарм Пелистер

“Ракометна хумнитарна акција“ ќе се одржи на 26 феруари организирана од “Ротаракт“ клубот од Битола, а ќе се случи во ресторанот “Белведере“. 

Хуманитарниот настан ќе биде во вид на аукција , која е прва аукција од ваков вид, на ќе бидат изложени за продажба потпишани дресови од играчите на Еурофарм Пелистер кои го направија нашиот град повторно дом на ракометот.

Сите собрани средства ќе бидат претворени во вредносни ваучери од аптеките на“ЕУРОФАРМ“ и ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.

Влезот ќе биде 100 денари, а портишаните дресови по 1.000 денари, а секако тука е дружењето со ракометарите на Еурофарм Пелистер.

БИТОЛА ПРЕКУ РАКОМЕТОТ ЌЕ ЈА ПОКАЖЕ ХУМАНАТА СТРАНА!