Денес во Белград на официјалното полагање за мајсторски појаси во џудо – данови Ѓуро Илиќ од џудо клубот Пелистер од Битола беше промовиран во Мајстор шести дан, највисоко мајсторско звање во нашата држава.
-Ова требаше да се случи порано, но беше одложено, а сега веќе ја имам титулата Мајстор – шести дан, што е големо признание за мене и мојата долгогодишна кариера која ја имам како џудост, џудо-тренер, основач на наголем број на клубови во државата, вели Илиќ, во јавувањето од Белград.
Ѓуро Илиќ додава дека покрај честа ова е и голема обврска, а во наредниот период покрај во државата ќе има и голем број на предавања и семинари и надвор од државата.

Ѓуро Илиќ промовиран во џудо Мајстор 6-ти дан, највисоко звање во Македонија
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар по поразот: немавме решени за нивната игра, примивме лесни голови, а паднавме без “испукан куршум“
- Пораз на Еурофарм Пелистер во Битола во 1. коло од Лига Европа, а се беше подготвено за успех (фотогалерија)
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!





