Во градскиот пат во Битола се одржа претпоследната трка од вело-кросот које се бодуваше за генерален пласман. Вело-кросот беше под покровителство на Велосипедската федерација на Македонија, технички организарот и домаќин беше велосипедскиот клуб Пелистер 15-Мај од нашиор град, а тука беше и претседателот на велоспедската федерација на Македонија.
На одбележената и обезбедена патека се појавија триесетина возачи од најголем број на клубови од Македонија, а се натпреваруваа во сите дисциплини според правилникот за натпревари на Федерацијата.
Битолскиот клуб настапи со десетина возачи во сите досциплини, а со медал се закити само Ана Крбалевска во женска конкуренција.
Тренерот на велосипедистите на Пелистер, Африм Јусуфи за овој вело-крос вели:
-Ова е вело-крос кој кај велосипедистите од Македонија е посакуван поради безбедната патека, ни и пради другите услови кои им ги нудиме. На располагање им сме комплетно со се она што го имаме во клубот кој се наоѓа кај Ракометното игралиште, блиску до стартот, а ние им стоиме со комплетна логистика и многу редари на патеката, а за резултатите на клубот вели:
-За жал имавме само еден медал, во женска конкуренција на Крбалевска, а малите имаа шанса но не се снајдоа на патеката иако имаа сили. На стартот ги немавме мастерсите во машка и женска конкуренција кои секогаш се на пиедисталот.
Дел од наградите поделија и битолчани, поранешниот велосипедист на Пелистер – Ристе Настевски и Иванчо Тошевски од вториот битолски клу Екстрем бајк.
Поради одличното време кое го имавме вчера покрај патеката имаше и околу 1.000 битолчани за што Јусуфи вели:
-На некои трки кои се возат од вело-кросот надвор од градовите немаме ниту еден гледач, па затоа се одлучивме да ја правиме во паркот, како реков поради близината на клубските простории, но и овој спорт да ги доближиме до младите и возрасните. Имавме голем број на публика, некои беа дојдени спацијално за трката, а најголем број од битолчани кои беа во паркот ја гледаа трката насекаде низ паркот. Се надеваме дека го привлековме вниманието на битолчани на кратко, но и позитивното гледање на овој спорт и рекреативниот велосипедизам.
С.Р.
[ngg src=”galleries” ids=”511″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






