Press "Enter" to skip to content

Најкритичниот еден километар од обиколницата ќе добие заштитна ограда

Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор за изградба на заштитна ограда на обиколница Битола, со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот и на локалното население.

Изработена е проектна документација за заштитна ограда на обиколница Битола и од вкупната должина на обиколницата (L=8 km), и е констатирано е дека има потреба за поставување на бариери на еден дел од обиколницата во должина од L=1,013 кm.

Со поставувањето на звукозаштитни и заштитни бариери ќе се обезбеди сигурно и безбедно одвивање на сообраќајот на овој потег, бидејќи населението коешто живее на овој потег во голем дел го попречува нормалното одвивање на сообраќајот со тоа што фрла отпадоци и обиколницата е претворена во локална депонија.

Делницата на која е предвидено да се постават бариерите започнува пред почетокот на мостот до влезот на тунелот со тоа што на крајните делови ќе се постават ѕидови за да се спречи и поминување на пешаци.

More from ВестиMore posts in Вести »