Во хотелот “Епинал“ во Битола вечерва се одржа трибина насловена “Во која насока оди македонската енергетика?“ во органзација на Централната комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
На трибината домаќин беше д-р Силвана Ангелевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Иванчо Тошевски.
Претседателот на Централната комисија за енергетика – Елена Маркова Велинова, која беше уводничар на трибината рече:
-Отворање на рудниците за јаглен во Живојно и Мариово за да се зголеми производството на електрична енергија на РЕК “Битола“, се нивните планови, а со тоа значително ќе се зголеми бројот на години кои ќе може да се користат термоелектраните на РЕК “Битола“ за производство на електрична енергија.
Се зборуваше покрај за РЕК “Битола“ како стожер на електроенергетскиот систем на Македонија за Гасификацијата на Битола како дел од гасификацијата на Република Македонија, како и за топлификацијата на Битола, Новаци и Могила.
На трибината зборуваа и Круме Стојановски Крсте Миладинов, членови на Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ.
С.Р.






