На 17.02.2020 во СВР Битола, лекар од Итна медицинска помош во СВР Битола пријавил дека во соблекувална во простории на фирма на улица „Индустриска” бил пронајден починат 44 годишник од Битола. Лекар констатирал смрт без траги од насилство. За настанот бил известен Трудов инспектор, а по наредба од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 16.02.2020 во СВР Битола, А.Ј. (36) од Битола пријавил дека околу 06.40 на Регионалниот пат Битола – Новаци, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од 55 годишник од село Маловишта. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Полициски службеници од СВР Битола на 17.02.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека тројца возачи управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, брзината ја надминале тројца возачи, едно возило било нерегистрирано, сигурносен појас не користеле тројца возачи и шест возчи зборувале на мобилен трелефон, додека управувале возило. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.






