Вчера на 19 февруари И.С. (59) од село Далбеговци пријавил дека во дворното место пронашол стари гранати.
Бил извршен увид и било констатирано дека станува збор за осум неексплодирани артилериски гранати, калибар 75 мм од Првата светска војна, кои биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.






