Press "Enter" to skip to content

Некогаш и денес: Борче Илиевски – битолчанецот кој му ремизираше на легендарниот Фишер (фотогалерија)

Ако сакаш да бидеш среќен еден ден, напијсе,

Ако  сакаш да бидеш среќен еден месец, ожени се,

Ако сакаш да бидеш среќен цел живот, играј шах.Оваа мудра мисла која ја кажа 85 годишниот Борче Илиевски  на Изборот на спортист на Битола  2019 ги воодушеви присутните спортисти и спортски работници таа вечер, а неговиот придонес во област на спортска дисциплина шах и признанието за животно дело заслужува посебно место во нашата рубрика „Некогаш и сега“, а битолчани секогаш ќе го паметат и како човекот кој во август 1967 година ми ремизираше на Боби Фишер, светска шаховска легенда.Во оваа рубрика  пишуваме за личности кои одбележале еден период, а нивните искуства и мудри мисли инспирација и поттик за денешните генерации. Низ разговорот со шаховскиот велемајстор Борче Илиевски ќе доловиме еден време на подем на шахот во Македонија кога нашиот соговорник и започнал и бил активен шахист.Вака Борче Илевски ја започна својата приказна…

-Започнав да играм шах на свои 16 години во далечната 1951 година кога го имав својот прв настап на младинското првенство на Македонија. Од тогаш се до мојата 74 година активно играав  шах. Настапував за битолската шаховска екипа “Стево Патако“. При тоа 3 пати бевме републички прваци и 4 пат го освојуваваме шаховскиот куп. Во 1967 година кога битолскиот шах ги живееше своите звездени моменти јас бев републички првак со 12,5 поени од вкупно 15 поени, а со тој резулчтата пред врвни шаховски  вешемајстори во тоа време  Ристо Ничевски, кој постарите генерации го знаат како шаховски коментатор на Македонската телевизија.Во 60 години на минатиот век македонскиот шах ги доживува своите ѕвездени моменти и е популарен  спорт, така што партии шах се прикажуваа во одреден термин на МТВ на крајот од програмата. Коментатор беше шаховскиот велемајстор Ристо Ничевски кој беше на тоа место од 1969 година. Неговите коментари беа прифаќани со голем респект од сите љубители на шахот. Едноставно беше интересен, студиозен, концентриран и подготвен во секој момент со примери, со алтернативни потези и варијанти, да покаже дека можело да биде и поинаку од она што е одиграно.Борче Илиевски пред две години во Битола, на плоштадот “Магнолија“ заедно со својот помал брат Димче пред битолчани ја презентираа партијата на Борче со Боби Фишер која што се одиграла во 1967 година  на турнирот “Средба на солидарноста“ што се одржал во Скопје, а партијата завршила со реми. Ремито со Фишер било на првите страници на сите весници во тогашна Југославија, а не останало назабележано и во светските специјализирани весници за шах, со оглед на тоа дека скопскиот турнир бил високо рангиран.Што му препорачувате на новите млади генерации како и кога да почнат да учат шах

-Преку шахот, децата учат мисловни вештини и се смета дека со играње шах се подобруваат интелектот, карактерот, и емоциите. Играњето шах го стимулира развојот на  позитивни човечки особини и вредности,  упорност и трудољубивост.Кога и како да започнат со играње шах?

-Децата може да почнат да учат шах од најмала возраст 3-4 години.  Шахот го поттикнува памтењето, концентрацијата, брзината на сметање. Кога започнуваат да учат главен проблем е да се одржи интересот, додека не ги развие вештини за да победува во играта. Има податок дека во повеќе од 30 држави е дел од училишна програма и се изучува како предмет. Кај нас на часовите по физичко образование се развива оваа вештина.Што мислите за младите генерации шахисти од Битола кои членуваат во шаховскиот клуб “Стево Патако“.

-Во шахот, слично како и во математиката и во музиката, претходното искуство не е ограничувачки фактор, а највисоките достигнувања возможни се и кај младите шахисти. Во клубот има многу талентирани деца пред кои претстојат успеси. Некои од нив на Изборот за спортист на Битола добија признанија за млади таленти и надежи во спортот. Инаку, во шахот се вклучени сите  ментални и интелектуални капацитети, преку  креативно логичко заклучување се наоѓаат скриени можности и комбинации. Тоа е игра со висок степен на сложеност и со строги правила. Во ниеден случај, шахот не е здодевна и бавна игра.Последниот настап на Борче Илиевски беше на Божикиот турнир кој се одржа во Битола, во брзопотезен шах, кој го организира шаовскио клуб “Стево Патако“ во хотел “Милениум“, каде битолската шаховска легенда го освои второто место со сениорска конкуренција.

Целта на оваа рубрика и би сакала низ спомените на луѓето за кои пишуваме да се потсетиме на некои добри стари времиња, да црпиме искуства но да не го забораваме мотото “сега и овде“ односно да живееме во сегашноста споравувајќи се со сите предизвици на новото време, и врз тоа да ја градиме иднината.

 

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »