На улицата “Филип Втори Македонски“ во Скопје, поточно во Министерство за екологија, лица од Неготино, Скопје и Битола, меѓу кои и 22 годишен битолчанец го нарушиле јавниот ред и мир по чл. 27 од ЗППЈРМ со испишување на графити во вид на дланки од раце на прозорците на Министерството за Екологија и натпис на плочникот пред прозорците со цел покренување акција за Еколошка свест.
Сочинети се пет записници за констатиран прекршок против лицата.






