Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: по шест дена вратени дома мајката и малолетните деца, а пронајдени и три гранати на “Љубојно“

На 21.02.2020 во 12.30 часот во СВР Битола било приајевено дека Е.С. (24) од Битола заедно со нејзините малолетни деца на возраст од три и една година се пронајдени и вратени дома, кои на 16.02.2020 биле пријавени дека се одалечиле од домот.

На 21.02.2020 во 12,10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Љубојно“ во Битола биле пронајдени три стари нексплодирани артилериски гранати калибар 75 мм од Прва Светска Војна. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се безбедно подигнати од местото на настанот.